Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 3

:
Macedonian - 1990
1 И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Аморија, која му ја определи Господ на татка му Давида, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусеецот Орна.
2 А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.
3 Основата, положена од Соломона при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина дваесет лакти;
4 а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот дваесет лакти, висок, пак, сто и дваесет. Одвнатре го позлати со чисто злато.
5 А главниот дом го обложи со кипарисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.
6 Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше парваимско злато.
7 Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозорците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими;
8 и направи Свајата Сватих: должината нејзина според широчината на домот дваесет лакти, и широчината нејзина дваесет лакти; и ја покри со шестотини таланти чисто злато.
9 Тежината на клиновите беше: секој клин педесет сикли злато. И горните одаи ги опкова со злато.
10 А во Свјатајта Свјатих направи два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.
11 Крилата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното крило, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим;
12 исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим.
13 Крилјата на херувимите беа раширени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.
14 Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа изобрази херувими.
15 Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капители одозгора секој од по пет лакти.
16 Направи и веришки, како во светилиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките.
17 Ги постави столбовите пред храмот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јихин (Исправување), а левиот Воаз (тврдина).