Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 27

:
Macedonian - 1990
1 Јоатам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруса, Садакова ќерка.
2 Тој вршеше она што Му беше угодно пред очите на Господа, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Господовиот храм, а народот сѐ уште грешеше.
3 Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на ѕидот Офел;
4 изгради и градови во Јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули.
5 Тој војуваше со царот на Амонитите и ги победи, и Амонитите му дадоа во таа година сто талатни сребро и десет илјади мери пченица и десет илјади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонитите и во втората и третата година.
6 Затоа Јоатам беше толку силен, бидејќи ги управуваше патиштата свои пред Господа, својот Бог.
7 Другите дела на Јоатама и сите негови војни и однесување се опишани во книгата на царевите израилски и јудејски.
8 Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
9 И почина Јоатам при татковците свои, и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Ахаз.