Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 23

:
Macedonian - 1990
1 Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со себеси стоначалниците, синот Јероамов, Исмаила, синот Јоанов, Азарија, синот Овидов, Масеја, синот Адаиев, и Елисафата, син Захариев.
2 Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и Израилевите старешини на татковските домови и дојдоа во Ерусалим.
3 И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: »Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.
4 Еве, што ќе направите: едната третина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вратари при праговите,
5 втората третина при царскиот дом, третата третина при портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.
6 И никој да не влегува до домот Господов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека стои на стража Господова.
7 И левитите нека го опколат царот од сите страни, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете при царот, кога влегува и кога излегува.«
8 Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.
9 Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;
10 и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната страна на храмот до левата страна на храмот кај жртвеникот и при домот околу царот.
11 Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија венец и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: »Да живее царот!«
12 Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господен
13 и виде: ете царот стои на своето возвишено место при влезот, а кај царот кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со трубите и со свирки пеачи, вешти во славословието. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: »Заговор! заговор!«
14 Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: »Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.«
15 И ѝ направија пат; а кога таа дојде при влезот на коњската врата на царскиот дом, ја убија таму.
16 Јодај склучи завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.
17 И целиот народ отиде во Вааловото капиште та го разруши, и жртвениците негови и идолите негови ги разрушија, а Матана, Вааловиот свештеник, го убија пред жртвениците.
18 И им ги довери Јодај делата на Господовиот дом на свештениците и левитите и ги обнови дневните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид до домот Господов, да Му вознесуваат сепаленица на Господа, како што е напишано во законот Мојсеев, со радост и пеење, по Давидовата наредба.
19 И постави вратари при вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.
20 И ги зеде стоначалниците и велможите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Господов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.
21 И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се смири. А Готолија ја убија со меч.