Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 12

:
Macedonian - 1990
1 Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го остави законот Господов, а заедно со него и сиот Израил.
2 На петтата година од Ровоамовото царување Сусаким, египетскиот цар, се крена против Ерусалим, зашто беа отстапиле од Господа,
3 со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; а дојдениот од Египет со него народ: Ливијци, Троглодити и Етиопјани, број немаше;
4 и ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.
5 Тогаш пророкот Самеј дојде при Ровоама и при јудејските кнезови, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Сусакима, и им рече: »Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Сусакима.‘«
6 Кнезовите Израилеви и царот се смирија и рекоа: »Праведен е Господ!«
7 Кога виде Господ, дека тие се смирија, дојде словото Господово до Самеја и беше речено: »Нема да ги погубам, а скоро ќе им дадам избавление; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката Сусакимова;
8 бидејќи тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.«
9 Египетскиот цар Сусаким дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон.
10 Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во рацете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.
11 Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чуварите.
12 И кога тој се смири, гневот Господов се одврати од него и не го погуби до крај; па и во Јудеја имаше нешто добро.
13 Се зацврсти царот Ровоам во Ерусалим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите колена Израилеви, за да остане таму засекогаш името Негово. Мајка му се викаше Нама, Амонитка.
14 И вршеше зло, зашто не го беше расположил срцето свое за да Го побара Господа.
15 Делата на Ровоама, први и последни, се опишани во записите на пророкот Самеја и јасновидецот Ада во родословијата. Ровоам имаше војни со Јеровоама во сите денови.
16 Ровоам почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град. И место него стана цар синот негов Авија.