Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 11

:
Macedonian - 1990
1 Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израилот и да му го вратат царството на Ровоама.
2 И би слово Господово до Самеја, човекот Божји, со кое беше речено:
3 »Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар Јудејски, и на сиот Израил во Јудиното и Венијаминовото племе:
4 вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘« Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоама.
5 Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови.
6 Го утврди Витлеем, Етам, Текуја,
7 Ветсур, Сокхот, Одолам,
8 Гет, Марисан, Зиф,
9 Адурем, Лахис, Азиер,
10 Салај, Елон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе.
11 Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и житници, и одделенија за елеј и вино.
12 И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
13 Свештениците и левитите, колу што ги имаше по целата земја Израилска, се собраа при него од сите краишта,
14 зашто левитите ги оставија селата свои и владенијата свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свештенството Господово
15 и си поставија жреци во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги направи.
16 А по нив и од сите племиња Израилеви, кои го управија срцето свое да Го бараат Господа, Бога Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господа, Бога на татковците свои.
17 Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давида и Соломона во тие три години.
18 Ровоам си ја зеде за жена Маелата, ќерката на Јеримута, син Давидов, и на Авигеја, ќерка на Елијава, син Јесеев;
19 И таа му ги роди синовите: Јеуса, Саморија и Зама.
20 По неа тој ја зеде Маха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Јевтија, Зиза и Салимота.
21 Ровоам ја сакаше Маха, Авесаломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и наложници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет наложници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки.
22 Ровоам го постави Авија, синот на Маха, за началник и кнез над браќата свои, зашто сакаше да го направи цар.
23 Па мудро работејќи, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамина, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.