1 Chronicles 131990

1Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со сите војводи,

2и му кажаа на целото собрание израилско: »ако ви е угодно, и ако благослови Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата Израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат при нас,

3и да го пренесеме Ковчегот на нашиот Бог при нас, зашто во Сауловите дни не се обрнувавме кон него.«

4И целото собрание рече: »Така нека биде!« зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.

5Така Давид ги собра сите Израилци, од Сихор Египетски до влезот во Емат, за да го пренесат Ковчетот Божји од Киријат-Јарим.

6И отиде Давид и сиот Израил во Кириат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму Ковчегот на Бога, Господа, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.

7И го повезоа Ковчегот на нова кола од домот Аминадавов, а Оз и браќата негови ја водеа колата.

8Давид, пак, и сите Израилци свиреа со сета сила пред Бога, со пеење на гусли, псалтири, тимпани и труби.

9Кога стигнаа до Хидоновото гумно, Оз посегна со раката да го придржи Ковчегот, бидејќи воловите го беа настраниле.

10Но Господ се разгневи на Оза и го порази поради тоа што посегна со рака кон Ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.

11Давид се нажали затоа што Господ го порази Оза. И го нарече тоа место Озов пораз; така се нарекува и до ден денешен.

12И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: »Како ќе го внесам при себеси Ковчегот Божји?«

13И не го пренесе Давид Ковчегот при себеси во Давидовиот град, туку го сврте кон куќата на Гетецот Аведар.

14И стоеше Ковчегот Божји кај Аведара во куќата негова три месеци, и Господ го благослови Аведаровиот дом и сѐ што имаше.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 13.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.