Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Thessalonians 3

:
Macedonian - 1990
1 Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, најдовме за добро во Атина да останеме сами,
2 и го испративме Тимотеја, својот брат и слугата Божји, и својот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,
3 та никој да не ве смутува во тие маки; оти сами знаете дека затоа сме определени.
4 Бидејќи ние, и кога бевме при вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.
5 Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да узнаам за верата ваша, да не би некако да ве искушал искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд.
6 Сега, откако дојде Тимотеј при нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,
7 ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;
8 оти ние сега живееме, кога вие стоите во Господа.
9 Каква благодарност, навистина, можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост, со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,
10 кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме недостигот на вашата вера?
11 А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го управи патот наш кон вас!
12 Вам, пак, Господ да ви ја зголеми и да ви ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,
13 за да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии. Амин!