Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

1 Samuel 25

:
Macedonian - 1990
1 И Самил умре. Тогаш се собраа сите Израилци, го оплакаа и го погребаа во куќата негова, во Рама. Давид стана и слезе кон пустињата Фаран.
2 Имаше во Маон еден човек многу богат, а имотите му беа на Кармил; тој имаше три илјади овци и илјада кози; тој беше на стрижење кај овците свои на Кармил.
3 Тој човек се викаше Навал, а жена му се викаше Авигеја. Таа жена беше многу умна и убава, а тој жесток и лош човек; тој беше од родот Халевов.
4 Чу Давид во пустињата, дека Навал ги стриже на Кармил овците свои.
5 И Давид испрати десет момци, и им рече Давид на момците: »Одете на Кармил, појдете кај Навала, поздравете го од мое име
6 и кажете му вака: ‚Мир на тебе, мир на твојот дом, мир на сѐ што е твое!
7 Денес чув, дека ти ги стрижат овците; ете, овчарите твои беа со нас, и ние не ги навредувавме, и ништо кај нив не се загуби за сето тоа време, додека стоеја на Кармил;
8 прашај ги слугите свои, и тие ќе ти кажат; затоа нека најдат момците благонаклоност во очите твои, бидејќи во добар ден дојдовме; дај им, пак, на слугите твои и на синот свој Давид она што ти се наоѓа при рака.‘«
9 Давидовите луѓа отидоа и му ги кажаа на Навала од името на Давида сите тие зборови, и замолчеа.
10 Навал скокна и им одговори на Давидовите слуги и рече: »Кој е тој Давид, кој е тој син Јесеев? Сега има многу слуги кои бегаат од господарите свои;
11 зар да го земам лебот свој и водата своја, и виното свое и месото, што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на луѓе, што не ги знам од каде се?«
12 И Давидовите луѓе се вратија по својот пат, се вратија и дојдоа, та му ги соопштија на Давида сите тие зборови.
13 Тогаш Давид им рече на луѓето свои: »Препашете го секој мечот свој.« И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давида до четиристотини души, а двесте оставија кај комората.
14 Но еден од слугите ѝ јави на Авигеја, жената Навалова, велејќи: »Ете, Давид испрати од пустињата пратеници да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо;
15 а тие луѓе се многу добри кон нас, не нѐ навредуваа, и ништо не се изгуби кај нас, колку што време одевме со нив, додека бевме во полето;
16 тие беа за нас како ѕид и дење и ноќе за сето време, додека ги пасевме стадата близу до нив;
17 затоа, помисли и види, што да се прави, бидејќи неизбежна несреќа му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е човек лош, не може да се говори со него.«
18 Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смокви, и ги натовари на осли,
19 па им рече на слугите свои: »Тргнувајте пред мене, ете, јас ќе одам по вас.« А на мажот свој Навала ништо не му кажа.
20 А кога таа, седната на осел, се спушташе по падините на планината, ете, во пресрет ѝ доаѓа Давид и луѓето негови, и таа се сретна со нив.
21 И Давид рече: »Да, залудо го пазев во пустињата целиот имот на тој човек, и ништо не се изгуби од тоа, што беше негово; тој ми плаќа зло за добро;
22 тоа и тоа нека направи Господ со непријателите на Давида, и уште повеќе да додаде, ако утре до разденување, од сѐ што е Навалово, го оставам и она што мокри крај ѕид.«
23 Штом Авигеја го виде Давида, таа брзо слезе од оселот, падна ничкум пред Давида и се поклони до земја;
24 падна до нозете негови и рече: »Врз мене да е гревот, господару мој; дозволи ѝ на робинката твоја да говори во ушите твои и чуј ги зборовите на робинката твоја.
25 Нека не обрнува внимание господарот мој на тој лош човек, на Навала; зашто, како му е името, таков е и тој: Навал му е името, и безумието е со него. А јас, твојата робинка, не ги видов слугите на мојот господар, што си ги испратил.
26 И сега, господару мој, жив ми Господа и жива да е душата твоја! Господ нема да дозволи да пролеваш крв, а ќе ја задржи раката твоја да не се одмаздуваш; и сега нека бидат како Навал твоите непријатели и овие, кои мислат лошо против мојот господар.
27 Еве ги даровите што робинката твоја му ги донесе на својот господар, за да им се разделат на момците, кои му служат на мојот господар.
28 Прости ѝ ја вината на робинката своја; Господ бездруго ќе воздигне за мојот господар цврст дом, зашто мојот господар води Господови војни, и во текот на целиот живот твој зло нема да се најде во тебе.
29 Ако човекот стане да те гони и да ја бара душата твоја, тоа душата на мојот господар ќе биде сврзана со јазелот на животот кај Господа, твојот Бог, а душата на твоите непријатели Он ќе ја отфрли како од праќка.
30 И кога Господ му го направи на мојот господар сѐ она што говореше добро за тебе, и те постави за водач на Израилот,
31 за срцето на мојот господар тоа нема да биде огорчение и неспокојство, дека не пролеал напразно крв, и дека се воздржал од одмазда. Господ ќе му направи добро на мојот господар, и ти ќе си спомниш за робинката своја и ќе ѝ направиш милост.«
32 А Давид ѝ рече на Авигеја: »Благословен Господ, Бог Израилев, Кој те испрати денес во пресрет мој,
33 и благословен да биде твојот разум и благословена да бидеш ти, поради тоа што сега не ме остави да пролевам крв и да се одмаздам за себеси.
34 Но, жив Господ, Бог Израилев, што ме задржа да не ти направам зло, ако не беше побрзала и не беше дошла во пресрет мој, тоа утре до разденување јас немаше да му го оставам на Навала ни она, што мокри крај ѕид.«
35 Тогаш Давид го зеде од рацете нејзни она што му го беше донела, и ѝ рече: »Оди си со мир во домот свој; ете, го послушав гласот твој и го почитав лицето твое.«
36 Авигеја дојде кај Навала, и ете, кај него во домот негов гоштевање како царска гозба, и срцето на Навала беше весело; тој беше многу пијан; затоа таа ништо не проговори, ни многу, ни малку, до изутрината.
37 А изутрината, кога Навал се истрезни, и жената негова му раскажа за тоа, срцето негово замре, и тој стана како камен.
38 По десет дена Господ го порази Навала, и тој умре.
39 Чу Давид, дека Навал умрел, и рече: »Благословен Господ, Кој врати за срамот, што ми го нанесе Навал, и Кој го зачува Својот слуга од зло; Господ ја сврти злобата на Навала врз неговата глава.« И Давид испрати да ѝ кажат на Авигеја, дека тој ќе ја земе за жена.
40 И Давидовите слуги дојдоа кај Авигеја на Кармил и ѝ рекоа вака: »Давид нѐ испрати кај тебе, за да те земеме за жена.«
41 Таа стана и се поклони ничкум до земјата и рече: »Ете, робинката твој е готова да биде слугинка, за да им ги мие нозете на слугите на мојот господар.«
42 Авигеја се подготи набрзина, седна на осел и, придружена од пет слугинки, тргна по пратениците на Давида и стана негова жена.
43 А Давид ја зеде и Ахиноам од Израел, та и двете му беа жени.
44 Саул, пак, му ја даде ќерка си Мелхола, Давидовата жена, на Фалтија, синот на Лаиша, од Галим.