Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 23

:
Macedonian - 1990
1 Го известија Давида и рекоа: »Ете Филистејците го нападнаа Кеил и ги разграбуваа гумната.«
2 А Давид го запраша Господа, велејќи: »да одам ли и да ги поразам ли тие Филистејци?« И Господ му одговори на Давида: »Оди, ти ќе ги поразиш Филистејците и ќе го спасиш Кеил.«
3 Но оние што беа со Давида, му рекоа: »Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ќе одиме во Кеил против филистејските групи? Ние ќе паднеме во ропство кај Филистејците.«
4 Тогаш Давид пак Го запраша Господа, а Господ му одговори и рече: »Стани и оди во Кеил, зашто Јас ќе ги предадам Филистејците во твои раце.«
5 И Давид отиде со луѓето свои во Кеил, се биеше со Филистејците, го отепа нивниот добиток и им нанесе голем пораз, и Давид ги спаси жителите на Кеил.
6 Кога Авијатар, Авимелеховиот син, избега при Давида и отиде со него во Кеил, тој беше донел со себеси и ефод.
7 Му јавија на Саула, дека Давид дошол во Кеил, и Саул рече: »Бог го предаде во рацете мои, зашто тој се затвори, влегувајќи во град кој има порти и резиња.«
8 И го свика Саул целиот народ во војна, за да отиде против Кеил, да го опколи Давида и луѓето негови.
9 Кога Давид дозна, дека Саул намислил лошо против него, му рече на свештеникот Авијатар: »Донеси го ефодот Господов.«
10 Тогаш Давид рече: »Господи, Боже Израилев! Твојот слуга чу, дека Саул сака да дојде во Кеил, и да го уништи градот поради мене.
11 Ќе ме прададат ли Кеилците во рацете негови? И ќе дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израилев, јави му на слугата свој.« И рече Господ: »Ќе дојде.«
12 Давид пак праша: »Ќе ме предадат ли Кеилците мене и моите луѓе во Сауловите раце?« И Господ му рече: »Ќе ве предадат.«
13 Тогаш стана Давид и луѓето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеил и отидоа, каде што можеа. А на Сула му јавија, дека Давид избегал од Кеил, и тогаш тој го измени походот.
14 А Давид престојуваше во пустињата во непристапни места и потоа на планината во пустињата Зиф. Саул го бараше секој ден; но Бог не го предаде Давида во рацете негови.
15 И Давид виде, дека Саул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустињата Зиф во гората.
16 И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давида во гората и го поткрепи со надежта на Бога,
17 и му рече: »Не плаши се, зашто раката на татко ми Саула нема да те најде, и ти ќе царуваш над Израилот, јас, пак, ќе бидам втор по тебе; и Саул, татко ми, го знае тоа.«
18 Тогаш склучија меѓу себе завет пред лицето на Господа; и Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој.
19 И дојдоа Зифејци при Саула во Гива и рекоа: »Ете, Давид се крие при нас по недостапни места, во планината, на ридот Ехелат, десно од Јесимон.
20 Затоа, ако сака душата твоја, цару, дојди; а наша работа ќе биде да го предадеме во рацете на царот.«
21 И рече Саул: »Да ве благослови Господ, што сте ме пожалиле;
22 одете, уверете се уште, испитајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејќи ми велат, оти е тој многу итар;
23 разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вратете се кај мене со точно известие; тогаш јас ќе отидам со вас; и ако тој е во таа земја, ќе го барам по сите Јудини војводства.«
24 И станаа и отидоа во Зиф пред Саула. А Давид и луѓето негови беа во пустињата Маон, во рамнината, десно од Есимон.
25 Потоа отиде Саул со своите луѓе да го бара. Но му јавија на Давида за тоа, и тој слезе при карпата и остануваше во пустињата Маон. Саул чу и се пушти по Давида во пустињата Маон.
26 Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со луѓето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саула, а Саул со луѓето свои одеше да го заобиколи Давида и луѓето негови, за да ги фати,
27 тогаш дојде при Саула известувач и рече: »Побрзај и дојди, бидејќи Филстејците ја нападнаа земјата.«
28 И се врати Саул од гонењето на Давида и отиде против Филистејците; затоа и го нарекоа тоа место: Села Хамаклекот (камен на разделба).