Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 10

:
Macedonian - 1990
1 И зеде Самуил сад со елеј, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: »Еве, Господ те помаза за цар на Своето наследство во Израилот и ти ќе царуваш над народот Господов и ќе ги избавиш од рацете на околните непријатели нивни, и ете ти знак, дека Господ те помазал за цар на Своето наследство.
2 И, кога ќе тргнеш сега од мене, ќе сретнеш двајца луѓе близу до Рахилиниот гроб, во Венијаминовите предели, во Силом, во Вакалат и тие со радост ќе ти кажат: ‚Се најдоа ослиците, што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајќи ги ослиците, се обеспокои за вас, велејќи: »Што стана со синот мој?«‘
3 Откако ќе отидеш понатаму и ќе дојдеш при Таворската дубрава, и таму ќе те сретнат тројца луѓе, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино.
4 И тие ќе те поздрават и ќе ти ги дадат двата леба, и ти ќе ги земеш од рацете нивни.
5 Потоа ќе дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската страна, таму се филистејските началници; и кога ќе влезеш таму во градот, ќе сретнеш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и гусли, и ќе пророкуваат;
6 и Духот Господов ќе слезе врз тебе, и ти ќе пророкуваш заедно со нив и ќе станеш друг човек.
7 Кога тој знак ќе се случи со тебе, тогаш прави она што може раката твоја, зашто со тебе е Бог.
8 Оди пред мене во Галгал, каде што и јас ќе дојдам при тебе, за да принесам жртва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ќе ти кажам што да правиш.«
9 И штом Саул се сврте, за да си оди од Самуила, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден.
10 Кога дојде до ридот, ете кај ги сретнува група пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше меѓу нив.
11 Сите, што го познаваа вчера и завчера, откако видоа, дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: »Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е меѓу пророците?«
12 И еден од оние, што беа таму, одговори и рече: »Па кој е нивниот татко?« Затоа излезе поговорка: »Зар и Саул е меѓу пророците?«
13 И тој престана да пророкува и отиде на ридот.
14 А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: »Каде одевте?« Тој одговори: »Па ги баравме ослиците, но, откако видовме, дека ги нема, навративме кај Самуила.«
15 И Сауловиот чичко рече: »Раскажи ми, што ви рече Самуил.«
16 И Саул му кажа на чичка си: »Тој ни јави, дека ослиците се најдени.« А она, што Самуил му го кажа за царството, не му го кажа.
17 И Самуил го свика народот при Господа во Масифа,
18 и им рече на синовите Израилеви: »Така говореше Господ, Бог Израилев: ‚Јас го изведов Израилот од Египет и ве спасив од рацете на Египтјаните, од рацете на сите царства, што ве притискаа.‘
19 А вие сега го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и таги, и Му рековте: постави ни цар. И така, застанавте сега пред Гсопода според знамињата ваши и племињата свои и според илјадниците свои!«
20 И заповеда Самуил да минуваат сите племиња Израилеви, и со жреб беше посочено Венијаминовото племе.
21 И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочено Матриевото племе; и го доведуваа Матриевото племе според мажите, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа.
22 И пак го запрашаа Господа: »Ќе дојде ли тој човек тука?« И Господ одговори: »Ете, тој се крие во покривките.«
23 Го најдоа таму и го изведоа оттаму; тој застана среде народот: а од рамениците свои угоре беше повисок од сите.
24 И Самуил му рече на сиот народ: »Гледате ли, кого го избра Господ? Како него нема меѓу сиот народ.« Тогаш сиот народ извика и рече: »Нека живее царот!«
25 И Самуил му ги изложи на народот правата на царството (царувањето), ги напиша во книга, и ја стави пред Господа. И го распушти сиот народ, секој во домот свој.
26 Исто така и Саул си отиде дома, во Гава; а со него отидоа и храбрите, до чие срце се беше допрел Бог.
27 А лошите луѓе рекоа: »Та тој ли ќе нѐ спаси?« И го презреа и не му принесоа дарови.