Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Peter 4

:
Macedonian - 1990
1 Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со таа мисла; оти, кој ќе пострада со телото, престанува да греши,
2 та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
3 Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волја на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препирање и во нечестиво идолопоклонство.
4 Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5 Но тие ќе одговараат пред Оној, Кој е готов да им суди на живите и мртвите.
6 Оти и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓето по телото, а да живеат со духот по Бога.
7 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.
8 А пред сѐ, имајте постојана љубов меѓу себе; оти »љубовта покрива многу гревови«.
9 Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10 Служете си еден на друг, секој со дарот што го примил, како добри распоредници на разнообразната Божја благодат.
11 Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата, која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исуса Христа, Чија слава и владеење се вечни.
12 Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа поради испитувањето, како нешто ново да ви станува;
13 но, во колку учествувате во страдањата Христови, радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се возрадувате и развеселите.
14 А ако не укоруваат за името Христово, блазе вам, оти Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие Го прославувате.
15 Никој, пак, од вас да не страда како убиец, или крадец, или злочинец, ниту како оној што се меша во туѓи работи;
16 но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за таквото учество.
17 Оти време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние, кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18 И кога праведникот одвај се спасува, тогаш безбожникот и грешникот каде ќе се јават?
19 И така, оние, што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.