Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Peter 1

:
Macedonian - 1990
1 Од Петра, апостолот на Исуса Христа, до избраните придојдени, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
2 по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: да ви се умножи благодатта и мирот!
3 Благословен е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост нѐ прероди преку воскресението на Исуса Христа од мртвите за жива надеж,
4 за наследство што не пропаѓа, чисто, кое не свенува, запазено на небесата за вас,
5 кои Божјата сила преку верата ве запазила за спасение, приготвено да се открие во последно време.
6 Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб ако е потребно, во разни искушенија,
7 та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,
8 Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискажана и прославена радост,
9 примајќи го крајот на вашата вера спасението на душите;
10 кое го бараа и испитуваа пророците, што прорекоа за вашата благодат.
11 Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;
12 ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас со она што ви се јави сега вам преку оние, кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое сакаат да вникнат ангелите.
13 Поради тоа, возљубени, притегнувајќи ги бедрата на умот свој, бидејќи бодри, наполно надевајте се дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исуса Христа.
14 Како послушни чеда, не постапувајте според поранешните наши похоти, кога бевте во незнаење.
15 Но, по примерот на Светецот, Кој ве повика, и вие самите бидете светци во сите ваши постапки.
16 Оти е напишано: »Бидете свети, бидејќи Јас сум свет.«
17 Иако Го наречувате Отец Оној, Кој не гледајќи кој е кој, секому му суди според делата, затоа поминувајте го времето на својот живот во страв,
18 знаејќи дека со пропадливо сребро или злато не сте искупени од суетниот живот, кој ви се предаде од татковците ваши,
19 туку со скапоцената крв на непорочното и чисто Јагне Христос,
20 Кој е предназначен уште пред создавањето на светот, а се јави во последно време заради вас,
21 кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, та верата ваша и надежта да ви бидат во Бога.
22 Откако ги очистивте душите ваши со послушност на вистината преку Духот, за нелицемерно братољубие, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце,
23 како преродени не од распадливо семе, туку од вечно преку словото на живиот Бог, Кој пребива во сите векови.
24 Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава како цвет од трева: се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа;
25 но словото Господово останува засекогаш. А тоа е словото, кое ви е благовестено.