Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Kings 21

:
Macedonian - 1990
1 По тие настани еве што се случи: Израелецот Навутеј имаше во Језраел лозје до дворецот на самарискиот цар Ахав.
2 Ахав му рече на Навутеја, велејќи: »Дај ми го лозјето свое; тоа ќе ми биде овоштарник, бидејќи е близу до мојот дом, а место него ќе ти дадам поубаво лозје од тоа, или, ако сакаш, ќе ти дадам сребро, колку што чини тоа.«
3 Но Навутеј му одговори на Ахава: »Да ме чува Гсопод да ти го дадам наследството од татковците свои.«
4 Ахав се врати во домот свој возбуден и огорчен од зборовите, што му ги беше кажал Језреелецот Навутеј, велејќи: зар да ти го дадам наследсвото од татковиците свои. Душевно збркан, легна на постелата своја, си го сврти лицето и не јадеше леб.
5 При него влезе жена му Јазавела и му рече: »Зошто си збркан со духот, па и леб не јадеш?«
6 Тој ѝ одговори: »Кога му спомнав на Језреелецот Навутај и му реков: ‚дај ми го лозјето за сребро, или, ако сакаш, да ти дадам друго лозје место него‘, тој ми одговори не ти го давам лозјето свое, наследство од татковците мои.«
7 Тогаш жена му Јазавела му рече: »Какво царство ќе биде во Израилот, ако ти постапуваш така? Стани, јади леб и биде спокоен; јас ќе го земам лозјето од Језреелецот Навутеј.«
8 И таа напиша писма од името на Ахава, ги запечати со неговиот печат и ги испрати до старешините и големците што живееја со Навутеја, во градот негов.
9 Во писмата таа пишуваше вака: »Објавете пост и поставете го Навутеја пред народот;
10 и спроти него ставете двајца лоши луѓе, што ќе сведочат против него и да кажат: ‚Ти хулеше на Бога и на царот.‘ И потоа изведете го и убијте го со камења, та да умре.«
11 Тогаш мажите на неговиот град, старешините и големците, што живееја во градот негов, направија како што им заповеда Језавела, така, како што беше напишано во писмото, што го беше испратила до нив.
12 Објавија пост и го поставија Навутеја пред народот;
13 па излегоа двајца лоши луѓе, седнаа спроти него и сведочеа против него пред народот и велеа: »Навутеј хули на Бога и на царот.« Па го изведоа надвор од градот, го убија со камења, и тој умре.
14 Испратија да ѝ кажат на Језавела: »Навутеј е убиен со камења и умре.«
15 Кога чу, дека Навутеј е убиен со камења и умрел, Језавела му рече на Ахава: »Стани и завладеј со лозјето на Језреелецот Навутеја, кој не сакаше да ти го даде за сребро, бидејќи Навутеја го нема меѓу живите, тој умрел.«
16 Кога чу, дека Језреелецот Навутеј бил убиен, Ахав ја раскина облеката своја, стави вреќиште врз себе, а потоа стана и отиде во лозјето на Језреелецот Навутеј и го завладеа.
17 Тогаш би словото Господово кон Тесвитецот Илија:
18 »Стани и пресретни го израилскиот цар Ахава, кој е во Самарија, ете, сега е во лозјето на Навутеја, каде што дошол да завладее,
19 и кажи му: ‚вака вели Господ: »ти си убил, и уште стапуваш во наследство!«‘ И кажи му: ‚Вака вели Господ: »на она место, каде што кучињата ја лижеа Навутеевата крв, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.«‘«
20 Ахав му рече на Илија: »Ти ме најде, мој непријателе!« Тој рече: »Те најдов, бидејќи ти се оддаде да го вршиш она што е неугодно пред очите на Господа и да Го гневиш.
21 Вака вели Господ: ете, ќе ти испратам казна, ќе исчистам сѐ по тебе и ќе го истребам кај Ахава и она што мокри до ѕид, и што е затворено и изоставено во Израилот;
22 и ќе постапам со твојот дом така, како што постапив со домот на Навутеевиот син Јеровоам и со домот на Ахиевиот син Васа, за наскрбувањето, со што ти ме раздразни и го наведе во грев Израилот.«
23 И за Језавела Господ рече: »Кучињата ќе ја изедат Језавела зад Језреелските ѕидови;
24 и кој од Ахавовиот дом ќе умре во градот, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат;
25 уште немало таков како Ахава, што да се оддава да го врши она што е неугодно пред очите на Господа, за кое го советуваше жена му Језавела;
26 тој постапуваше многу гнасно, следејќи ги идолите, како што правеа Аморејците, кои Господ, ги изгони од пред лицето на Израилевите синови.«
27 Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав се умилкуваше пред Господа, одеше, и плачеше, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, постеше и спиеше во вреќиште и одеше нажален.
28 И би слово Господово кон Илија Тесвитецот за Ахава. И Господ рече:
29 »Виде ли, како се смири Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом.«