Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Kings 19

:
Macedonian - 1990
1 И Ахав ѝ раскажа на Језавела сѐ што направи Илија, и како тој ги уби со меч сите пророци.
2 А Језавела испрати пратеник при Илија да му каже: »Ако си ти Илија, а јас Језавела, нека ми направат богивите тоа и тоа и нешто повеќе да ми направат, ако утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив.«
3 Кога го виде тоа, Илија стана и замина, за да го спаси животот свој, и дојде во Вирсавија, која е во Јудеја, и таму го остави слугата свој,
4 а самиот тој отиде во пустињата на еден ден пат и, откако дојде, седна под едно иглолисно дрво и сакаше да умре, велејќи: »Доста веќе, Господи, прибери ја душата моја, бидејќи јас не сум подобар од татковците свои.«
5 И легна, та заспа под дрвото. И ете, ангел го допре и му рече: »Стани, јади и пиј.«
6 Илија погледна, и, ете, до возглавницата негова стои печена питка и стомна вода. Тој касна, пивна и пак заспа.
7 Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: »Стани, јади и пиј, бидејќи те чека долг пат.«
8 Тој стана, касна и пивна и, откако се поткрепи со таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи до Божјата гора Хорив.
9 И влезе таму во една пештера и ноќеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: »Зошто си овде Илија?«
10 Тој одговори: »Пламнав од ревност за Господа, Бога Саваот, зашто Израилевите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат.«
11 Тогаш Бог му рече: »Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ќе мине, и голем и силен ветар кој ридови урива и соборува карпи пред Господа; но не е Господ во ветрот; по ветер земјотрес, но не е Господ во земјотресот;
12 по земјотресот оган, но не е Господ во огнот; по огнот здив од тих ветар, и таму е Господ.«
13 Кога го чу тоа, Илија си го сокри лицето со својот кожув, излезе и застана пред влезот во пештерата. И кон него се чу глас, кој му рече: »Зошто си тука, Илија?«
14 Тој одговори: »Пламнав од ревност за Господа, Бога Саваот, зашто Израилевите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат.«
15 А Господ му рече: »Врати се по патот свој преку пустињата во Дамаск и, кога ќе стигнеш, помажи го Азаила за цар на Сирија,
16 а Јуја, Намесиевиот син, помажи го за цар над Израилот; Јелисеја, пак, Сафатовиот син, од Авел-Маул, помажи го за пророк место себеси;
17 зашто кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го убие Јуј, а кој ќе се избави од мечот на Јуја, него ќе го убие Јелисеј.
18 Но сепак оставив меѓу Израилците седум илјади мажи; сите тие не ги свиткувале колената пред Ваала, и устите нивни не го бакнувале.«
19 И тој тргна оттаму и го најде Сафатовиот син Јелисеја, кога ораше; дванаесет рала волови имаше тој и сам беше при дванаесеттото. Минувајќи крај него, Илија го фрли кожувот врз него.
20 Тогаш Јелисеј ги остави воловите и почна да трча по Илија и рече: »Дозволи ми да ги бакнам татко ми и мајка ми, и ќе тргнам по тебе.« Тој му одговори: »Оди и врати се, зашто, што сум ти направил?«
21 Тој се врати од него, зеде рало волови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.