Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 John 5

:
Macedonian - 1990
1 Секој, кој верува дека Исус е Христос, од Бога е роден, и секој, кој Го сака Оној, Кој родил, Го сака и Оној, Кој е роден од Него.
2 По тоа познаваме дека ги сакаме чедата Божји, кога Го сакаме Бога и ги пазиме Неговите заповеди.
3 Бидејќи љубовта кон Бога се состои во тоа: да ги пазиме заповедите Негови. А Неговите заповеди не се тешки.
4 Оти секој, кој е роден од Бога, го победува светот; и ова е победата што го победи светот верата наша.
5 Кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Син Божји?
6 Исус Христос е Оној, Кој дојде преку вода и крв и преку Духот, не само преку вода, туку преку вода и крв; и Духот е Оној, Кој сведочи, оти Духот е вистина.
7 Зашто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и Троица се едно.
8 И Троица се, Кои сведочат на земјата: Духот, водата и крвта; и Троица сведочат заедно.
9 Ако го примаме човечкото сведоштво, Божјото сведоштво е поголемо, бидејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син.
10 Кој верува во Синот Божји, тој има сведоштво во себе; кој не Му верува на Бога, Го прави лажец, оти не поверувал во сведоштвото Негово, со кое посведочил Бог за Својот Син.
11 А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син.
12 Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.
13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.
14 И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Он нѐ послушува.
15 А кога знаеме дека нѐ услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него.
16 Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.
17 Секоја неправда е грев, но има грев не за смрт.
18 Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.
19 Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.
20 Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина, и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог Неговиот Син Исус Христос. Он е вистински Бог и живот вечен.
21 Чеда, пазете се од идолите. Амин!