Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 John 4

:
Macedonian - 1990
1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
2 По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е.
3 А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот.
4 Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5 Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша.
6 Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.
7 Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога;
8 кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов.
9 Божјата љубов кон нас се покажа во тоа, што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него.
10 Во тоа се состои љубовта, што не ние Го засакавме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој, за да ги очисти гревовите наши.
11 Возљубени, кога така нѐ засака Бог, тоа и ние сме должни да се сакаме еден со друг.
12 Бога никој никогаш не Го видел. Ако се сакаме еден со друг, Бог пребива во нас и љубовта Негова е совршена во нас.
13 Дека ние пребиваме во Него и Он во нас, узнавме по тоа, што ни дал од Својот Дух.
14 И ние видовме и сведочиме дека Отецот Го испрати Синот како Спасител на светот.
15 Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог, и тој во Бога.
16 И ние ја познаваме љубовта, која Бог ја има кон нас, и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној, кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог во него.
17 Љубовта во нас се усовршува затоа, за да бидеме слободни на судниот ден; бидејќи, како што е Он, така сме и ние во овој свет.
18 Во љубовта страв нема, а совршената љубов го пади стравот, бидејќи стравот има мака. Кој се бои, не е совршен во љубовта.
19 Ние Го сакаме, бидејќи Он порано нѐ засака.
20 Ако некој рече: »Го сакам Бога«, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел?
21 И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој.