Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 John 1

:
Macedonian - 1990
1 Она, што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот
2 и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ве известуваме за вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави
3 она што го видовме и го чувме, за тоа ве известуваме, та и вие да имате општење со нас; а нашето општење е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
4 И ова ви го пишувам, за да биде радоста ваша полна.
5 А Евангелието, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
6 А ако речеме дека со Него општиме, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
7 А ако, пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
8 Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.
9 Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
10 Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажец и словото Негово не е во нас.