Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 7

:
Macedonian - 1990
1 А за она што ми пишавте добро е човек да не се допира до жена.
2 Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж.
3 Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената спрема мажот.
4 Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
5 Не одделувајте се еден од друг освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
6 Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.
7 Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога еден ваков, друг инаков.
8 А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.
9 Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат.
10 А на женетите и мажените им заповедам не јас, туку Господ жената да не се разделува од мажот,
11 ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, а и мажот да не ја остава жената своја.
12 А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;
13 и ако некоја жена има маж, кој не поверувал, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.
14 Зашто маж што не поверувал се осветува преку жената која верува, и жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети.
15 Ако некој, што не верувал, сака да се разведе, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.
16 Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот? Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената?
17 Само секој нека постапува така, како што му определил Бог, како го повикал Господ. Така заповедам по сите цркви.
18 Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, нека не се обрезува.
19 Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, а пазењето на Божјите заповеди е сѐ.
20 Секој да си остане во звањето, во кое е повикан.
21 Роб ли си призван, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.
22 Оти повиканиот во Господа роб, станува Господов слободен; исто така и повиканиот слободен станува роб Христов.
23 Вие сте скапо платени: не станувајте робови на луѓе.
24 Секој, во какво призвание е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
25 А, што се однесува до девојките, за нив немам заповед од Господа, но советувам; како што сум помилуван од Господа, да Му бидам верен.
26 Поради сегашната потреба го наоѓам за добро ова: добро е за човекот да биде таков.
27 Сврзан ли си со жена, не барај развод; разврзан ли си од жена, не барај жена.
28 Но, ако се ожениш, нема да згрешиш; и девојка, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволи, а јас, пак, ве штедам.
29 Ова ви го велам, браќа, оти времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;
30 и кои плачат како да не плачат; и кои се радуваат како да не се радуваат; и кои купуваат како да немаат,
31 и кои се ползуваат од овој свет како да не се ползуваат; зашто се менува обликот на овој свет.
32 Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи, како да Му угоди на Господа;
33 а женетиот се грижи за световни работи како да ѝ угоди на жената.
34 Постои разлика меѓу жена и девојка; неомажената се грижи за Господови работи како да Му угоди на Господа, за да стане света со телото и со духот; а омажената се грижи за световни работи како да му угоди на мажот свој.
35 Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам замка, туку за убава и пристојна служба на Господа без пречки.
36 Ако некој мисли дека е срамно девојката негова да му остане така во напредната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.
37 А кој е тврд во срцето свое, и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја пази својата девојка, тој добро прави.
38 Но и оној, кој ја омажува својата девојка, добро прави; а оној, што не ја мажи, подобро прави.
39 Жената е сврзана преку Законот, додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого сака, но само во името на Господа.
40 Само, поблажена е, ако си остане така, според моето мислење; а мислам дека и јас имам Дух Божји.