Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 2

:
Macedonian - 1990
1 И јас, браќа, доаѓајќи при вас, дојдов да ви го соопштам Божјото сведоштво не со возвишена проповед или мудрост,
2 бидејќи не сметав дека е добро меѓу вас да знам нешто друго освен за Исуса Христа, и тоа Распнатиот.
3 И јас меѓу вас бев во немоќ, и страв, и во голем трепет.
4 И словото мое, и проповедта моја, не се состоеше во убедливи зборови на човечка мудрост, туку во пројава на Духот и силата,
5 та верата ваша да се утврди не во човечка мудрост, туку во силата Божја.
6 Мудрост, пак проповедаме меѓу совршените, но не мудрост од овој век, ниту, пак, онаа на преодните господари од овој свет,
7 туку ја проповедаме Божјата премудрост, тајна сокриена, која Бог ја предодредил уште пред вековите за наша слава,
8 која никој од господарите на овој свет не ја познал; зашто, ако ја беа познале, тогаш немаше да Го распнат Господа на славата.
9 Но, како што е напишано: »Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат.«
10 А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот испитува сѐ, па дури и длабините Божји.
11 Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух.
12 Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога;
13 па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе.
14 Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух; за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.
15 Духовниот, пак, човек испитува сѐ, а него никој не го испитува.
16 Зашто, кој го познал умот Господов, та да го објасни? А ние имаме ум Христов.