Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 12

:
Macedonian - 1990
1 А за духовните дарови, не сакам, браќа, да не знаете.
2 Знаете дека, кога бевте незнабошци, се влечевте при немите идоли, како да ве водеа.
3 Затоа ви кажувам дека никој, кој зборува преку Божјиот Дух, не фрла анатема на Исуса, и никој не може да Го нарече Исуса Господ, освен преку Светиот Дух.
4 Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист;
5 има разни служби, но Господ е еден и ист;
6 и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши сѐ во сѐ.
7 А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза;
8 оти, на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг збор на знаење, преку истиот Дух;
9 на еден вера, преку истиот Дух; на друг дар за лекување, преку истиот Дух;
10 на еден да чини чуда, на друг да пророкува, на еден да ги разликува духовите, на друг разни јазици, на трет да толкува јазици.
11 Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака.
12 И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, така и Христос.
13 Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.
14 Оти и телото не се состои од еден орган, туку од многу.
15 Ако ногата рече: бидејќи не сум рака, не сум од телото, зар само заради тоа таа не е од телото?
16 И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум од телото, зар поради тоа увото не е од телото?
17 Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото би било слух, тогаш каде е мирисањето?
18 Но Бог ги наредил органите, секој од нив во телото така, како Му било угодно.
19 Ако сите тие би биле само еден орган, тогаш каде е телото?
20 А сега се, пак, многу органи, но сепак едно тело.
21 И не може окото да ѝ рече на раката: »Не си ми потребна«, ниту, пак, главата на нозете: »Не сте ми потребни«.
22 Напротив, оние органи од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни;
23 и на оние членови на телото, за кои сметаме дека се понеугледни, им оддаваме повеќе чест;
24 и нашите понеугледни органи имаат поголема чест: угледните, пак, органи немаат потреба од чест. Но Бог го направи и телото така, што на најнезначајните органи им дал најголема чест,
25 за да нема расправии во телото, а органите подеднакво да се грижат едни за други.
26 А кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи; и кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи.
27 Вие сте телото Христово, а поодделно членови.
28 И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици.
29 Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци?
30 Сите ли имаат дарби да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи?
31 Покажувајте ревност за поголеми дарби; а јас ќе ви покажам уште подобар пат.